Освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство 2026 им донесе на хрватските ракометари не само голема слава, туку и конкретен финансиски бонус. Според правилникот и одлуката на Владата на Хрватска, секој ракометар од репрезентацијата ќе добие по 3.450 евра за бронзата на континенталниот собир.
Наградени ќе бидат и членовите на стручниот штаб – за нив е предвидена премија од по 3.500 евра, додека селекторот ќе инкасира исто колку и ракометарите, односно 3.450 евра. Така, целиот успех се вреднува како резултат на заедничка работа – и на теренот, и на клупата. Ако се земе предвид дека репрезентацијата е составена меѓу 24-28 членови, тогаш вкупната сума е околу 90.000 евра.
Од друга страна, Македонија за настапот на својата репрезентација на Европското првенство ќе подели премија од 2.000.000 денари, што е околу 32.500 евра – и тоа за само една остварена победа на турнирот.