По легендарниот Игор Карачиќ, хрватскиот првак Загреб донесе уште едно звучно име за претстојната сезона.
Најдобриот грузиски репрезентативец, Гиорги Сковребадзе ги договори деталите со Загреб, а капитенот Јаков Гојун го потврди овој трансфер во интервју за клупскиот сајт.
Сковребадзе по две сезони замина од бундеслигашот Гумерсбах и се поврзуваше со Слован Љубљана и Бенфика, но од тие трансфери нема ништо, па Грузиецот ќе заигра за Загреб.
Хрватскиот првак на десната бековска позиција го имаше само Лука Ловре Кларица, па со доаѓањето на Сковребадзе, тренерот Николиќ ќе има повеќе опции.
Хрватскиот првак е во иста група со македонскиот Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.