Хрватски арбитри за Вардар и Мелсунген

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Вардар ќе му гостува на бундеслигашот Мелсунген, а на тој дуел ќе има хрватска арбитража.

Натпреварот на сегашниот тим на Роберто Гарсија Парондо, кој со Вардар освои титула во Лигата на шампионите и „црвено-црниот“ тим ќе го судат Анте Микелиќ и Петар Парадина.

Делегат на овој двобој што ќе се игра на 15 октомври од 18:45 часот во „Ротенбах Хале“ во Касел, ќе биде Швајцарецот Штефан Вицтум.