Селекцијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, откако славеше во битката за третото место против Исланд со 34-33. Натпреварот го имаше Хрватска под контрола до последните две три минути, кога Исланд негативата од шест гола, ја намали на минус еден. Хрватите го погодија последниот напад за плус два, 34-32 и не остана многу време за Исланд да направи нешто повеќе.
Ова е втор медал за „коцкестите“ во ерата на Дагур Сигурдсон, по сребрениот на СП 2025, но прв по шест години на европските шампионати откако беа сребрени на ЕП 2020 во Полска. Исланѓаните ќе мора да чекаат на нова шанса за одличје на големите натпреварувања, откако освоија бронза на ЕП 2010.
Хрватите уште кон средината на првото полувреме не покажуваа знаци на умор и направија залиха од четири гола, потоа беше и 12-6, но Исланд беше упорен и се врати во игра, 12-10. Мандиќ со голот во последната секунда од првиот дел се погрижи за три гола предност за Хрватска на паузата, 17-14.
Хрватска поведе со пет гола, 21-16 по десетина минути во вториот дел, откако Виго Кристијансон доби црвен картон по остриот старт на Мартиновиќ. Но на исландскиот гол застана ветераност Густавсон и фати два удари во серија, па „рибарите“ намалија на минус три.
Сепак се разбрани и Мандиќ, кој не беше на своето препознатливо ниво на ова ЕП. Фати зицери на Кристјансон и на Рикардсон, Мартиновиќ и Лучин беа прецизни со ударите од далечина. Хрватите рутински ја одржуваа разликата без поголеми проблеми до последните две минути кога промашија два пенали.
Тогаш Исланд остана со двајца помалку на терен, но и така изнуди пенал со кој внесе драма во финишот и намали на 33-32 кога остануваа педесетина секунди до крајот. Сигурдсон повика тајм-аут. Беше организиран напад за десно крило погоди Главаш за 34-32 и веќе немаше дилеми околу победникот.
Најдобар стрелец кај Хрватска беше Лучин со девет гола, додека голманот Мандиќ запиша осум интервенции. На голот на Исланд, Густавсон и Халгримсон имаа 11 одбрани, а 12 погодоци постигна Магнусон.
Во финалето од 18:00 часот ќе се сретнат домаќинот Данска и Германија.

























