Во последното коло од групната фаза се одиграа натпреварите од групите Б и Ц. Хрватска ја совлада Романија со 31:25 (16:12) и го обезбеди пласманот во следната фаза, а Црна Гора во еден трилер натпревар, со погодокот на Грбовиќ во последните секунди ја победи Србија со 29:30.
Хрватска-Романија 31:25 (16:12 )
По разочарувачкото реми со Австрија, за Хрватите немаше друга опција освен победа против Романија. Ракометарите на Перковац добро го отвориja натпреварот, и преку расположениот Кларица кој го замени Мартиновиќ на десната бековска позиција успеаа да стигнат стигнат до водство од 10:7 по 20.минути игра. Сепак упорната Романија не се предаваше па се закани преку расположениот Негру кој со три голови по ред успеа да го врати натпреварот на почеток 12:12. Последните пет минути им припаднаа на хрватските ракометари кои направија нова серија од четири неодговорени гола и на полувреме заминаа со највисока предност 16:12.
Хрватите немаа големи проблеми и успешно ја одржуваа високата предност во второто полувреме. Ефикасни беа крилата Јелениќ и Шоштариќ кои даваа нота во офанзивата на Хрватска. До крајот ракометарите на Перковац рутински ја одржаа предноста, остварувајќи ја втората победа во групата Б (31:25) која значеше и пласман во следната фаза.
Најефикасен во составот на Хрватска беше десниот бек Кларица со девет погодоци, а по четири постигнаа Шоштариќ, Кушан и Јелениќ. Кај Романците најмногу се истакна Негру со девет гола.
Србија-Црна Гора 29:30 (14:15)
Србија мораше да оди на победа против Црна Гора доколку сакаше да ги задржи шансите за пласман во следната фаза. Но Црногорците немаа намара предвреме да се откажат на овој меч, имајќи контрола во најголемиот дел од првото полувреме. Ракометарите на Владо Шола поведоа со 0:3 по пет минути игра. Тоа беше предност која успеваа да ја одржат во најголем дел од првото полувреме, но финишот и припадна на Србија која со головите на Кукиќ и Којадиновиќ намали на само гол негатива на полувреме, 14:15.
Натпреварот продолжи во исто темпо и во вториот дел. Црна-Гора беше таа која водеше во најголем дел, повторно стигнувајчи до највисоките плус 3 (20:23) во 50.минута. Србите вратија со серија од 3-1 и повторно се доближија само гол негатива. Вистинска драма се случуваше во последните две минути на натпреварот.Најпрво Борозан погоди за водство од 28:29, на триесетина секунди пред крајот, а на спротивната страна Абутовиќ реализираше пенал за 29:29. Останаа десетина секунди за Црна Гора да смисли напад за победа, а Грбовиќ во последните секунди погоди за прв триумф ( 29:30) на црногорците на ова ЕП.
Најефикасен во црногорскиот состав беше Вујовиќ со осум голови, а го следеа Грбовиќ и Чавор со седум. Кај Србија најрасположен за игра беше Кукиќ кој седумпати ја погоди мрежата на противникот.
Со овој резултат беа решени дилемите за конечната разврска во оваа група, по која Исланд и Унгарија се пласираа во следната фаза.