Селекторот на Хрватска, Ивица Обрван, го објави скратениот список на ракометарки пред Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Некогашниот македонски селектор смета на 20 ракометарки, но на списокот не се најдоа трите главни ѕвезди – Ќамила Мичијевиќ, Валентина Блажевиќ и Теа Пијевиќ.
„Ова е исклучиво моја одлука за ова ЕП. Ниедна ракометарка не престана да биде дел од репрезентацијата, и на сите им се вратите отворени. На списокот има многу млади ракометарки кои треба да бидат иднина на хрватската селекција“, изјави Обрван.
Покрај претходно споменатото трио, Обрван нема да може да смета ниту на пивотменката Ана Дебелиќ.
Хрватската јавност во нивно отсуство најмногу ќе очекува од капитенката Јежиќ, голманката Капитановиќ, како и од бековите Пркачин и Милосављевиќ.
Хрватска е во група со еден од домаќините, Швајцарија, како и со Данска и Фарски Острови, а натпреварите ќе ги игра во Базел.