Хрватска ja скрши Словенија во финишот и сега е на чекор до битка за медали!

Селекцијата на Хрватска направи крупен чекор кон полуфиналето на Европското првенство, откако по триумфите над Исланд и Швајцарија, славеше и против Словенија со 29-25 во главната рунда на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Сега Хрватска има шест бодови, Исланд со пет, како и Шведска и Словенија со по четири бодови. Но Швеѓаните допрва треба да го одиграат мечот со Унгарија и може да се израмнат на врвот на табелата.

Хрватите тргнаа одлично и поведоа со 5-1 по десетина минути, но јасно беше дека тоа темпо нема да го издржат во целиот меч, па Словенците полека фаќаа приклучок најмногу по одбраните на Базник. Сепак на паузата беше 14-11 за Хрватска.

Кога Циндриќ погоди за највисоки плус четири, 18-14 по 37 минути игра, многумина веројатно помислија дека ќе биде лесна победа за „коцкестите“, но не беше така лесно и подмачкано до крајот, a плус останаа и без Звонимир Срна, кој ја повреди ложата, па Лучин играше наместо него.

Упорните момци на Зорман се вратија во игра, а Хоржен и Јовичиќ ја предводеа серијата од четири гола со која стигнаа до реми, 18-18. Кузмановиќ го замени Мандиќ на хрватскиот гол, па со неговите интервенции Хрватска пак ја презема контролата.

Беше 22-19, Словенците намалија на минус еден, 22-21, но останаа без Јовичиќ, кој добри црвен картон по еден остарт старт. Во последните пет минути се влезе со 26-24 за Хрватска, а Кузмановиќ беше клучен на нивниот гол во овие моменти.

Иако соиграчите не погодуваа во нападот, тој одбрани зицер на Кодрин, претходно и удар од далечина на Мачковшек. Сигурдсон побара тајм-аут, стрелаа Хрватите за 27-24 и веќе немаше дилеми околу победникот.