Денеска во Кина заврши Светското првенство во ракомет на плажа во машка и женска конкуренција.
Машката репрезентација на Хрватска и женската на Германија ги одбранија титулите освоени пред две години во Грција.
Хрватите во финалето славеа над Данска со 2:1 во сетови, додека Германија го освои златото со победата против Аргентина од 2:0 во сетови.
Бронзата во машка конкуренција им припадна на репрезентативците на Португалија, откако со 2:0 во сетови ја победија Германија.
Холандија го освои третото место кај дамите, ја победи Данска со 2:0 во сетови.