Репрезентацијата на Хрватска денеска против Унгарија ќе се бори за пласман во полуфиналето на Светското првенство 2025.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, за денешниот четвртфинален натпревар нема да може да смета на искусниот Игор Карачиќ.
Поранешниот член на Вардар пријавил повреда, па така на неговото место ќе биде младиот Лука Ловре Кларица.
Како што е познато, десното крило Матеј Мандиќ го заврши настапот на Мундијалот, откако заработи скршеница на прстот на раката во дуелот со Словенците.
Натпреварот меѓу Хрватска и Унгарија е закажан за 18:00 часот во „Загреб Арена“, додека од 21:00 часот играат Франција и Египет.