Селекцијата на Хрватска под водство на селекторот Горан Перковац ги започна подготовките за Европското првенство во Германија.
„Коцкестите“ се собраа во Загреб со шаренолик ростер и ќе тренираат до 23 декември, воглавно со ракометари од домашното првенство и оние кои завршија со клупски обврски.
Допрва треба да се приклучат оние што играат во Германија, Полска, Франција и Швајцарија. Од „Унгарците“, дојде Марин Јелиниќ, додека Лука Степанчиќ има повреда и ќе го скокне овој собир. Лука Циндриќ е болен и тој дополнително треба да се приклучи.
Хрватите ќе имаат две „генералки“ пред настапот на континенталниот собир, и ќе играат против Црна Гора и Словенија на „Кроација Куп“. На ЕП ќе играат против Шпанија, Австрија и Романија.
Состав на Хрватска:
Голмани: М. Мандиќ, Кузмановиќ, Периќ
Крила: Јелиниќ, Барбиќ, Готи Маричиќ, Шоштариќ, Главаш, Молц, Краљевиќ
Пивоти: Прибетиќ, Раужан, Малинариќ
Бекови: Срна, Мославац, Иванковиќ, Хршак, Циндриќ, Сиротиќ, Кларица, Мараш
Од овие ракометари треба да останат деветмина на кои ќе им се приклучат Ивиќ, Михиќ, Д. Мандиќ, Кушан, Начиновиќ, Шипиќ, Мамиќ, Хрстиќ, Лучин, Шарац, Дувњак, Карачиќ, Степанчиќ и Мартиновиќ, па со 23 ракометари ќе биде одработена втората фаза од подготовките.