Реномираниот и влијателен хрватски спортски весник, „Спортске новости“ упати со големи пофалби за играта на Вардар по убедливата победа над Сесвете во Лига Европа, 38-24. Како што наведува весникотт, „црвено-црните“ испорачале демонстрација на модерен, брз и рационален ракомет, со што уште еднаш ја потврдиле класата.
Ова беше втора победа на Вардар над Сесвете сезонава во Европа, со што македонскиот гигант покажа дека е за две класи над противникот и дека во континенталната конкуренција игра со посебен подем и самодоверба.
Според „Спортске Новости“, Вардар доминирал тактички, физички и технички, со цврста одбрана, брзи транзиции и широк напаѓачки репертоар. Тренерот Иван Чупиќ го водел тимот со сигурност, ротирал без пад во ритамот, а голманот Валах и бековската линија биле меѓу најзабележителните.
Со овој триумф, Вардар и математички го обезбеди пласманот во главната фаза на Европската лига, исполнувајќи ја целта што ја имаше зацртано да биде најмалку во Топ-16 во Лига Европа
























