Хрватското дерби меѓу екипите на Нексе и Загреб не го дочека својот крај, откако беше прекинато на неколку секунди пред паузата.
Прекинот настана поради незадоволство на домашните од судиските одлуки, a во тој момент Загреб водеше со 16:9.
Средниот бек на Нексе, Марко Безјак, во мешаницата го оттурна делегатот Анто Јосиќ, кој падна на теренот.
Според медиумите во Хрватска, делегатот наводно има набиеници на ребрата и завршил по мечот во болница.
Комесарот за натпреварувања во ХРС, Анте Анчиќ, за „Спортске Новости“ даде свој коментар за настаната ситуација.
,,Во пропозициите јасно стои дека натпреварот е регистриран со 10:0, дека на тимот што го предизвикал прекинот му се одзема бод и дека е поведена дисциплинска постапка. Во таа дисциплинска постапка имаше неколку прашања, бидејќи не се достапни сите пријави од службени лица. Сепак, играчот на Нексе, Марко Безјак, ќе биде суспендиран поради нападот на службено лице, а казната ќе дојде преку дисциплинска постапка. Можно е да биде на три, шест месеци, но и доживотно суспендиран”, вели Анчиќ.
Дисциплинска постапка, совен против Марко Безјак, е покрената против клубот Нексе, тренерот Веселин Вујовиќ, кој кон крајот на месец февруари го презеде хрватскиот вицепрвак и против Андраж Велкаврх, исто така член на клубот од Нашице.
🎥 Ова е инцидентот поради кој беше прекинат мечот Нексе – Загреб
Хаос, тензии и прекин на хрватското дерби – Безјак го сруши делегатот, лекарите му укажуваа помош…