Репрезентацијата на Хрватска со победата над Словенија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2025.
Иако по пласманот на ,,коцкестите” во четвртфиналето, хрватските медиуми објавија дека Хрватка и Унгарија ќе играат во терминот од 20:30 часот на 28 јануари, сепак, ИХФ ги смени термините.
Хрватска против Унгарија во „Загреб Арена“ ќе игра во терминот од 18:00 часот, а Франција и Египет во терминот од 21:00 часот.
Генералниот секретар на ХРС, Дамир Пољак, даде свој коментар за промената на термините.
,,Французите имаат ексклузивен договор со агенцијата Спортфајв, која ги има правата за пренос на натпревари од Светското првенство. Ваков договор со нив има и Светката ракометна федерација. Бидејќи во игра се и Французите, побараа да играат во најсилниот термин. Сепак, парите се клучни, Франција е ракометна велесила”.
Светската ракометна федерација (ИХФ) не само што изненади со распоредот на натпреварите во Загреб, туку истото го направи и за оние во Норвешка.
Таму Данска и Бразил ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар на 29 јануари, додека вечерниот термин, оној од 20:30 часот, им припаѓа на Португалија и Германија.