18.06.2023, xgox, Handball - EHF Champions League - Finale, SC Magdeburg - Barlinek Industria Kielce v.l. Piotr Chrapkowski (Magdeburg, 3) Jubel ueber den Sieg, Jubel nach Spielende Foto: Franziska Gora/Jan Huebner

Храпковски оди во пензија

Еден од најдобрите дефанзивци од Полска, Пјотр Храпковски, реши на 36 годишна возраст да ја заврши својата играчка кариера.

Искусниот ракометар во последните седум сезони беше дел од Магдебург, претходно го носеше дресот на Келце, Висла Плоцк и Гдањск. На европска сцена најголемиот успех го постигна со Магдебург и Келце.

Левиот бек со бундеслигашот во сезона 2022/23 и 2020/21 ја освои титулата во ЛШ, односно во ЛЕ,  додека со Келце титулата во Лигата на шампионите ја освои во сезона 2025/16. Полјакот во својата колекција медали има и три злата од Супер Глоуб турнирот.

Храпковски е еден од најуспешните полски ракометари, а за полската репрезентација одигра 148 официјални натпревари. Најголемиот успех на репрезентативно ниво му беше освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Катар (2015).

Со Полска учествуваше и на Европското првенство во 2014, 2016, 2020 и 2022, како и на Мундијалите во 2015, 2017 и 2023 година.