Португалската Бенфика е првиот ривал на Вардар во главната рунда од Лигата на Европа во групата во која се уште Мелсунген и Кристијанштад.
Тренерот на португалскиот тим, Хота Гонзалез, вели дека Вардар е опасен од сите позиции, но го знае рецептот за победа.
„Тоа е противник кој е лидер во своето првенство, имаше многу важни засилувања, располага со значителен буџет и сака повторно да стане оној Вардар кој ја освои Лигата на шампионите пред неколку години. Опасни се од сите позиции, како и во шутевите од дистанца. Потребен ни е одличен дефанзивен баланс, бидејќи тие многу брзо тргнуваат во транзиција по примениот гол и го користат контранападот. Затоа мора да бидеме максимално концентрирани, да се бориме за секоја топка и да влеземе во натпреварот со многу агресивност“, изјави Гонзалез.
Натпреварот меѓу Бенфика и Вардар се игра вечерва со почеток од 18:45 часот во салата „Луж“









