Десниот бек Усама Хосни по една година настапи во Кувајт, се врати во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Тунискиот интернационалец се радува на камбекот во Битола и очекува освојување на сите домашни титули.
„Во ростерот има многу ракометари со кои играв претходно. Убаво е што се вратив, што видов познати лица во градот што го познавам. Ги познавам и новите ракометари, против некои од нив имам играно. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона за нас и целта е да освоиме три титули во македонскиот ракомет. Секако дека цел ни е да одиме подалеку во Лигата на шампионите, да оствариме победи и тоа би било добро за нас и за градот Битола. ЛШ е нешто инзворедно за сите ракометари, играме против врвни тимови и ракометари. Претходно клубот чекаше 18 сезони, а сега втора сезона ќе бидеме дел од елитатата и верувам во добар настап. Сепак за нас најважно е да се освојат трите титули во Македонија. ЛШ е бонус, но зошто и да не ја минеме групата. Ќе го дадам најдоброто од себе да му помогнам на клубот да освојува титули“, вели Хосни.
Македонскиот шампион ја одработува втората фаза од подготовките во Златибор, а го очекуваат настапи на турнирите во Струга, Болу и Добој, пред стартот на новата сезона.