Хосни: Бевме како едно – заслуживме да победиме!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер за првпат во Лигата на шампионите стартува триумфално.

Во Битола падна хрватскиот Загреб, кој си замина со пораз од 25-23, а десниот бек Усама Хосни ги сподели импресиите по крајот на мечот.

„Победивме заслужено на овој меч. Исто како и на дуелот со Вардар, бевме во добра форма, тренерот беше задоволен од нашата игра. Загреб е многу добар тим, има добри играчи. Прв меч во Битола, можеби за некои наши нови играч имаше притисок, но сите бевме како едно, игравме колективно, бевме фокусирани, водевме со четири гола. Направиме некои глупави грешки, можеби требаше да трчаме уште повеќе, но на крајот задоволен сум од мојот тим. Треба да работиме и да ги исправиме сите грешки за да освојуваме уште бодови во Лигата на шампионите.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај францускиот ПСЖ.

Славеничка ноќ во Битола – Еурофарм Пелистер го сруши Загреб!