Хорачек и Новотни ќе го судат последниот меч на Еурофарм Пелистер во ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите.

Maкедонскиот првак, кој ги загуби шансите за осминафинале, ќе игра на домашен терен против францускиот ПСЖ, а ЕХФ делегираше арбитри од Чешка.

Станува збор за добро познатите на македонската јавност, Вацлав Хорачек и Јири Новотни, а делегат ќе биде Леополд Калин од Словенија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ е закажан за 6 март во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.