Еден од ривалите на Македонија на Светското првенство 2025, репрезентацијата на Холандија, ќе биде дел од традиционалниот „Yellow Cup“ во швајцарскиот град Винтертур.
Освен Холандија и домаќинот Швајцарија, учесници ќе бидат уште репрезентациите на Косово и Италија, која исто така ќе учествува на Светското првенство.
Избраниците на Штафан Олсон денеска ќе се соочат со Косово, репрезентација против која одиграа нерешено, 33:33, во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Холанѓаните утре и на 5 јануари ќе играат против Италија, односно Швајцарија, по што ќе биде познато во каква форма се наоѓаат пред стартот на Мундијалот.
Македонија против Холандија ќе игра на 17 јануари во рамки од второто коло од групната фаза. Претходно „лалињата“ ќе се сретнат со аутсајдерот Гвинеја, додека во последното коло за ривал ја имаат Унгарија.
Олсон отвори карти – Холандија со вардарецот Коиј, Стеинс, Бајенс, Шаген…на СП 2025