Netherlands vs Egypt, 24TH IHF WOMEN'S JUNIOR (U20) WORLD CHAMPIONSHIP 2024 NORTH MACEDONIA, Skopje, North Macedonia, 23. 6. 24, Mandatory Credit © Jure Banfi / kolektiff

Холандија, Унгарија, Франција и Данска ќе се борат за финале на младинскиот Мундијал

Репрезентациите на Холандија, Унгарија, Франција и Данска обезбедија пласман во полуфиналето на Светското младинско првенство во Скопје.

Убедливи победи остварија Франција и Данска, кои триумфираа против Швајцарија, односно Португалија, репрезентацијата на Унгарија по продолженијата славеше над Исланд, а Холандија ја доби битката со Шведска.

Холандија во полуфиналето ќе се соочи со репрезентацијата на Унгарија, додека второто полуфинале го сочинуваат Франција и Данска.

Полуфиналните дуели се закажани за утре, додека финалето, како и натпреварот за трето место, ќе се одиграат на последниот ден, односно в недела.

Како што е познато, нашата репрезентација во текот на утрешниот ден ќе се бори против Кина за 15. позиција.

СП младинки, четвртфинале, резултати:

Унгарија – Исланд 34:31
Холандија – Шведска 25:21
Франција – Швајцарија 34:26
Португалија – Данска 22:49