Eден од домаќините на СП, Холандија, ја совлада Унгарија во четвртфиналето со 28-23 и си обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции.
„Лалињата“ доминираа уште од самиот старт и по првите триесетина минути најавија триумф со водство од 14-9. Во вториот дел продолжија во исто темпо, не оставајќи му простор на противникот за каков било камбек.
Унгарија се обидуваше да се врати во игра, но не успеа ниту еднаш да ја намали разликата под пет голови. Најрасположена во победничкиот тим беше Дионе Хоусхер со седум погодоци, додека кај Унгарките пет ракометарки постигнаа по три гола.
Холандија сосема заслужено се пласира во полуфиналето, каде што ќе се соочи со силната селекција на Норвешка.

























