, Netherlands vs Georgia, EHF Men's Euro 2026, Malmo, Sweden, 21.01.2026, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Холандија ја совлада Грузија за трето место во група Е

Холандија ја совлада репрезентацијата на Грузија со резултат 31-26(18-15) на отворањето на последниот ден од групната фаза. Во натпревар кој имаше предзнак престиж пред резултат, се одлучуваше за тоа кој од двете екипи ќе ја обезбеди третата позиција во групата Е и ќе избегне еден бараж дуел за Светското првенство во Германија 2027.

Натпреварот се движеше во изедначен ритам каде двете екипи се менуваа во минимално водство но ниту една не направи посериозна разлика. Грузијците грешеа во нападите пред се од технички аспект, додека Холанѓаните не беа прецизни. Така двете репрезентации влегоа во неизвесен финиш на првиот дел. Но токму во последните минути Холандија искористи неколку прокоцкани напади за Грузија и со брзи голови создаде предност од три голови, разлика која се задржа до крајот на првиот дел за конечни 18-15.

Вториот дел продолжи со исто темпо за Холанѓаните, па разлика дојде и до 5 голови (20-15). Кога веќе ја поставија контролата над овој дуел, Холанѓаните ги принудуваа грузијските ракометари на избрзани шутеви кои не беа прецизни, затоа разликата продолжи да се зголемува до највисоки „плус седум“(26-19 45 минута).

Ставаст и Табоада беа најпрецизни кај Холанѓаните со 7 голови. Кај Грузијците, ракометарот на Загреб, Цковребадзе постигна 11 голови.

Од 20 часот и 30 минути во Малме се игра дерби дуелот меѓу Хрватска и Шведска кој ќе го даде првото место во групата Е и ќе означи крај на групната фаза.