Холандија без проблеми против Косово, Италија ја изненади Швајцарија

Еден од ривалите на Македонија на Мундијалот 2025, репрезентацијата на Холандија, денеска на „Yellow Cup“ турнирот во швајцарскиот град Винтертур беше убедлива над Косово со 36:24 (17:9).

Овие две репрезентации последен пат се сретнаа во ноември во рамки од квалификациите за пласман на ЕП 2026, тогаш во Приштина Косово одигра далеку подобро и успеа да ремизира, 33:33.

Репрезентацијата на Италија го изненади домаќинот Швајцарија, триумфираше со 31:29 (16:15).

Италија со денешната победа над Швајцарија покажа дека би била незгоден ривал на Мундијалот, кој ќе започне на 14 јануари, а „азурите“ за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Данска, Алжир и Тунис.

Избраниците на Енди Шмид ќе треба во подготвителниот период да се подобра бидејќи на Мундијалот се во тешка група, ќе играат против Германија, Чешка и Полска.

Освен во Швајцарија, се играше и во Романија на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“.

Подмладената Србија немаше проблеми против Грузија и победи со десет гола разлика, 35:25 (16:11), додека со скоро идентичен резултат заврши дуелот меѓу Романија и Турција – 35:26 (14:7).