Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона, ги одбра ракометарите за настап на Европското првенство во Германија.
Стратегот на Србија за време на подготвителната фаза имаше можност да ги провери квалитетите на секој повикан ракометар.
Херона во Германија ќе патува со 18 ракометари, од кои двајца се голмани. Во Србија ќе остане ракометарот на Вардар, Марко Срдановиќ, кој за време на турнирот во Шпанија беше замена за капитенот Немања Илиќ, како и младиот пивотмен, 20-годишниот Лука Роган.
Голем проблем за Херона е што моментално недостасуваат десните бекови Предраг Вејин и Милош Орбовиќ. Од таборот на Србија се надеваат дека и двајцата ракометари ќе можат да настапат на првиот натпревар на континенталниот собир.
Репрезентацијата на Србија во групната фаза ќе игра заедно со Црна Гора, Унгарија и Исланд. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на Европското првенство.