Херојски камбек на Јехона, Драчево падна во Гостивар

Тимот на Јехона славеше против Драчево со 30-28 во натпревар од 8 коло од прволигашкиот плеј-оф.

Иако гостиварци губеа со шест голови на стартот на вториот дел, 18-12, сепак успеаја да направат голем камбек и на крајот да слават против драчевци.

Имаа избраниците на Фари Селмани плус два во финишот, но Драчево израмни на 28-28 и најави возбудувања.

Гостите останаа без Стефан Крстески на четири минути до крајот, кој доби директен црвен картон поради остар старт.

Тогаш Драчево водеше со 26-27, но Салиу израмни, а беше и 28-28. До крајот гостите не погодуваа, а Тасески и Давидоски беа прецизни за 30-28 и победа за домашните.

Јехона сега има шест бода и се искачи на деветтото место, додека Драчево остана на петтата позиција на табелата со 15 бода.