Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, одигра реми со силната Бидасоа Ирун, 25-25.
Херој на Ваљадолид беше Димитриоски кој на осум секунди до крајот имаше мирна рака и му донесе голем бод на неговиот тим.
Водеа домашните со 24-19 на десетина минути до крајот, но дозволија гостите да направат комплетен камбек и да поведат со 25-24.
Сепак за барем бод од овој натпревар се погрижи Димитриоски, кој постигна два гола на овој дуел.
Ваљадолид сега има 33 бода на седмото место, но во последните две кола ќе има шанса да се избори за место во Лигата на Европа, а во следниот меч гостува кај Адемар.