Противникот на Македонија на Европското првенство, Португалија, со голема победа го заврши подготвителниот период пред континенталниот собир.
Избраниците на Пауло Переира славеа над Шпанија со 34-31 во финалето на турнирот „Шест нации“ што се одржуваше во Памплона. Најдобар играч на овој меч беше Мартим Кошта со седум гола.
Германија вторпат во три дена беше подобра од селекцијата на Хрватска, овојпат со 33-27. Лидер беше голманот Вулф со 13 одбрани, а Цербе имаше пет гола за победникот, додека кај Хрватите, Главаш даде четири гола.
Мечот меѓу Полска и Србија заврши реми, 32-32, иако Србите губеа со 32-29 на 43 секунди до крајот. Сепак со три гола на Ѓукиќ и Илиќ стигнаа до реми, откако вчера загубија со гол од пенал по истекот на времето. За Полска играа Валах, Јанковски, Видомски и Марчињак (2), додека за Србија најдобар стрелец беше Борзаш со седум гола, а Митровиќ даде два.
На победи на денешните натпревари се радуваа Словенија (Taјник 3, Хенигман 2), Тунис, Египет, Франција, Фарски Острови…а реми заврши мечот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Пријателски натпревари, резултати:
Австрија – Словенија 31-36
Тунис – Иран 26-24
Словачка – Египет 30-39
Франција – Исланд 31-29
Полска – Србија 32-32
Фарски Острови – Италија 38-34
Црна Гора – Босна и Херцеговина 37-37
Германија – Хрватска 33-27
Шпанија – Португалија 31-34
























