Хекбарт: Ако не играте совршена одбрана, не може да и парирате на Барса

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го заврши настапот во Лигата на шампионите оваа сезона со пораз кај Барселона, 47-27.

Десното крило Рудолф Хекбарт, кој во Асобал лигата имаше многу настапи против Барса, ги сподели импресиите по мечот во „Блауграна“.

„Знаеме дека кога ќе дојдеш во Блауграна да играш против Барселона, ако не си на 100 проценти, станува многу тешко. Ако не одиграш совршен натпревар во одбрана, ако изгубиш премногу топки и дозволиш лесни голови, речиси е невозможно да бидеш конкурентен“, изјави Хекбарт.

Пелистерци сега ќе се посветат на домашните обврски и на битката за трофеите во Купот на Македонија и Супер машката лига.