Тимот на Ферлах, каде што игра македонскиот интернационалец Хари Павлов, се пласираше во четвртфиналето на Купот на Австрија.
Ферлах славеше со 31-25 на осминафиналната средба на гостински терен против составот на Ацгерсдорф.
Павлов беше меѓу подобрите во гостинскиот тим и успеа да постигне три погодоци во мрежата на домашниот тим.
Покрај Ферлах, во четвртфиналето на Купот на Австрија се пласираа Алпла Хард, Тирол, Кремс, Фиверс…