Еден од најдобрите дански ракометари во историјата, Микел Хансен, полека чекори кон репрезентативна пензија.
Тој во интервју за „Др Спортен“ откри дека Европското првенство во Германија можеби е неговото последно во кариерата, иако следниот континентален собир ќе се игра во неговата татковина.
„Можеби ова е моето последно ЕП. Се уште не размислував кога ќе престанам да играм за репрезентацијата. Ако случајно почувствувам дека не сум добро и дека нема да се приклучам на следната акција, тогаш ќе кажам – тоа е тоа“, изјави Хансен.
Хансен има 36 години, своето деби за Данска го имаше пред 17 години и има постигнато повеќе од 1.300 погодоци во репрезентативната кариера.
Данска е во група на ЕП со Португалија, Чешка и Грција и за очекување е без проблем да ја мине првата фаза.