Бундеслигашот Хановер ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа против „сино-белите“ од Автокоманда.
Германскиот тим нуди билети во пет категории, а најефтините се 10 евра, додека најскапите чинат 40 евра. Moже да се купат ТУКА.
Предност во купувањето и попуст имаат сопствениците на сезонските билети, а мечот е закажан за 31 август во „Свис Лајф Арена“ со почеток во 17:00 часот.
Реваншот меѓу македонскиот и германскиот тим ќе се игра во салата во Автокоманда на 6 септември од 19:30 часот.