Хаџиќ даде 11 гола, шампионот лесно се справи со Радовиш

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер без никакви проблеми ја совлада екипата на Радовиш со убедливи 47-27, во натпреварот од 9 коло на Суперлигата.

Битолчани уште по првото полувреме имаа двоцифрена предност (22-11), а во вториот дел рутински ја одработија задачата и стигнаа до нови сигурни два бода на своето конто.

Иако Пелистер настапи без речиси целата прва постава (Хеидаридад, Пешевски, Хосни, Кузмановски, Тајник, Манасков, Цехте и Абутовиќ), младите сили покажаа дека одлично ja користат секој дадена прилика.

Најефикасен во редовите на победникот беше Алем Хаџиќ со 11 погодоци, а Хакбарт додаде уште осум. Кај гостите, Атанасов и Постолов постигнаа по седум гола.

Во следното коло, Еурофарм Пелистер гостува кај Прилеп, додека Радовиш ќе игра против Еурофарм Пелистер 2.