Ракометната федерација на Гвинеја реши да го смени селекторот на машката репрезентација на три недели пред стартот на Мундијалот.
На местото на досегашниот Брахим Лага, доаѓа Кевин Деко, кој до скоро беше селектор на женската репрезентација на Тунис.
Французинот Деко има работено во помали француски клубови на клупско ниво, а на репрезентативно ја водеше женската селекција на Гвинеја пет години до 2018, беше селектор на женската репрезентација на Мароко, како и на мажите и на жените на Доминиканска Република.
40-годишниот стратег ќе има голем предизвик на Светското првенство, каде покрај Холандија и Унгарија, противник на Гвинеја ќе и биде и репрезентацијата на Македонија.
Гвинеја ќе има подготовки на домашно тло, а пред СП 2025 би требало да одигра пријателски средби со Црна Гора.