Гвинеја не е наивен противник – познат составот за СП на ривалот на Македонија

Селекторот на машката репрезентација на Гвинеја, Кевин Деко, го објави скратениот список на ракометари на кои смета на подготовките за настапот на СП 2025.

Деко смета на стартот на подготовките на 25 ракометари, а според информациите по тренинзите на домашно тло, Гвинеја ќе се подготвува и во Црна Гора пред Мундијалот.

Најпознато име во составот е голманот Пјер Рубен од францускиот Трембле, кој на последниот натпревар од африканскиот шампионат во битка за петтото место против ДР Конго, кој им донесе мундијалски билет, имаше дури 50% успешност на одбрани. Тој беше и во ол-стар тимот на Африканското првенство.

Покрај Рубен, голем дел од ракометарите играат во Втората лига во Франција. Посебно внимание треба да се обрне на десното крило Тео Лебон, кој игра за Сеинтс, потоа на средниот бек Аџири Ивен Корше, кој игра за Анже, како и капитенот Омар Бараџи кој игра во татковината.

Гвинеја ќе игра во група со Холандија, Унгарија и Македонија, а трите најдобри селекции ќе продолжат во главната рунда, но не треба воопшто да се потцени.