Ѓурческа и следната сезона во дресот на Металург Автокоманда

Тимот на Металург Автокоманда објави дека е продолжена соработката со младото десно крило Мина Ѓурческа.

Ѓурческа претходно настапуваше за Скопје, а во новата сезона ќе продолжи да биде дел од тимот на Јулијана Дамчевска.

Претходно Металург Автокоманда ги договори Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска.

Договорите беа продолжени со голманката Симона Грујовска, десното крило Марија Гугуљанова и левиот бек Марија Јанкуловска.

Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.