Екипата на Гумерзбах славеше во германскиот двобој против Мелсунген со 29:26 во рамки од првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.
Домаќините во победата беа предводени од левиот бек Миро Шлуроф, кој натпреварот го заврши со десет погодоци, а во таборот на Мелсунген најефикасен беше екс ракометарот на Вардар, Даинис Кристопанс со седум погодоци.
Голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ, беше солиден меѓу стативите со 12 интервенции, додека двајцата голмани на Гумерзбах, Кузмановиќ и Облинг искомбинираа осум интервенции.
Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одигра на 1 април, а на Гумерзбах му одговара и реми за пласман во четвртфиналето.
Пред пласман во четвртфиналето се наоѓа и Луцерн, кој на свој терен славеше против Лимож со 36:29.
Швајцарскиот тим на денешниот натпревар ги имаше расположените Луца Сигрист (11 гола) и Марин Шипиќ (осум гола). Кај Лимож прв стрелец беше Игор Турченко со пет погодоци.
Реваншот меѓу двете екипи е закажан за 1 април во Лимож.