Со натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и амбициозниот Охрид ќе се комплетира првото коло од македонската Супер лига.
Охриѓани имаа одлична претсезона, успеаја да освојат два трофеи, па сега со уште поголема самодоверба влегуваат во првенството.
Едно од најголемите засилувања, Дарко Ѓукиќ, вели дека очекува интересно првенство и добар натпревар во Автокоманда.
„Почнува македонското првенство, кое мислам дека ќе биде најинтересно досега. Не очекува тежок натпревар против екипата што неколку години го гради својот тим, но ќе дадеме се од себе да одиграме квалитетно и да видиме до каде сме во однос на најдобрите екипи во Македонија“, вели Ѓукиќ.
Српскиот репрезентативец посакува клубот да оди чекор напред во однос на минатата сезона.
„Целта е да растеме како клуб, да одиме чекор погоре од четврто место, да се бориме со сите екипи, да покажеме дека сме борбена екипа и да покажеме дека на ниту еден ривал нема да му биде лесно против Охрид“, заврши Ѓукиќ.
Натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Охрид се игра в среда во салата во Автокоманда со почеток од 18:30 часот.