Гугуљанова сама ја победи Стружанка

Ракометарките на Металург Автокоманда без многу проблеми стигнаа до десетта победа во Женската лига, откако на гостувањето во Струга кај Стружанка славеа со 34:18.

На денешниот дуел се беше решено уште во првото полувреме, кое тимот од Автокоманда го доби со девет гола разлика, 16:7.

Новакот продолжи во посилен ритам во вторите 30 минути и остено ја зголеми разликата за конечни 16 гола разлика.

Одлична партија во победничката екипа имаше десното крило Марија Гугуљанова, која постигна дури 14 погодоци.

Кај Стружанка листата на стрелци беше предводена од Мендувие Далипоска со седум погодоци, два помалку постигна Маја Раткушиноска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080