Гугуљанова и Ризоска „летаа“ по теренот – Ѓорче Петров лесно се справи со Вардар

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ја продолжи поедничката серија во пролеетниот дел од сезоната, откако славеше против Вардар со убедливи 42-24.

Беше 10-1 по десетина минути игра и веднаш стана јасно каков тек ќе има овој натпревар, а до паузата „лавиците“ водеа со 22-9.

Второто полувреме беше само формалност и рутинско одработување на задачата, а вардарки немаа сили да му се спротистават на разиграниот противник.

Најдобри во победничкиот тим беа крилата Марија Гугуљанова и Емилијана Ризоска со седум, односно шест гола, а кај Вардар по пет гола дадоа Мила Ристовска и Дона Тодоровска.

Ѓорче Петров е прв на табелата  со 37 бодови, додека Чаир има 34 на втората позиција.