Гудмундсон: Одиме по реванш во Битола

Во среда на сцена се враќа Лигата на шампионите, а македонскиот првак Еурофарм Пелистер, на домашен терен ќе ја пречека данската Фредериција.

Тренерот на Фредериција, Гудмундур Гудмундсон, најавува реванш против пелистерци за поразот во Данска.

„По поразот од Еурофарм Пелистер во минатото коло, ние посакуваме реванш против македонскиот тим. Тие се познати по неверојатната атмосфера на домашен терен, но ние имавме неколку импресивни перформанси низ неколку големи арени во Лигата на шампионите“, вели Гудмундсон.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.