ГОГ Гудме останува еден од двата тима со максимален учинок во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите по третото одиграно коло, откако беше надигран Веспрем 36-30 (18-14). Сега ГОГ е на делба на првото место во групата заедно со Барселона, а Веспрем останува со четири бодови од три натпревари.
Надежите на унгарски Веспрем дека може да освои бодови во Данска кај тимот на ГОГ Гудме, спласнаа уште во 20 минута од првото полуврем екога домашните ракометари стигнаа до предност од 13-8. Од тој момент па се до крај на средбата данските ракометари имаа предност која и гарантираше победа.
Почетокот на средбата навестуваше дека ќе има неизвесност, па можеби и пресврт на гостите. Тие водеа во почетните минути, се до 10 минута кога Ремили зголеми на 6-5. И толку беше од неизвесноста. Данците игра одлично и неколку расположени играчи кои имаа над 70 отсо реализација,
Николаи Педерсен со 7 гола од 8 обиди имаше 88 отсо реализација, а Ханс Арон Менсинг даде 11 гола од 16 обиди. Малку драма имаше во 40 минута кога Веспрем последне пат намали на „минус “ на 20-23. НО, потоа ГОГ како да додаде на гаста, и брзо се одлепи резултатски, па поведе со „плус 8“ гола.
Последните десет минути беа само период во која Веспрем направи обид да ја намали таа разлика, и единствено стигна до „минус 6“ гола.
Во следното коло ГОГ Гудме гостува кај Барселона, додека Веспрем е домаќин на Порто.
Табела – Група Б