Селекторот на машката сениорска репрезентација на Грузија, Тите Каланадзе, го одреди составот со кој ќе настапи на Европското првенство во јануари.
Каланадзе, кој во својата кариера го носеше дресот на Вардар, реши на финалниот список да повика 17 ракометари.
Меѓу повикани се најде членот на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, додека десното крило на Прилеп, Левани Имaндзе, отпадна поради големата конкуренција.
Во дресот на Грузија на ЕП ќе настапат и неколку играчи кои настапувале во Македонија. Тоа се поранешните членови на Прилеп и Охрид, Мириани Гавашелишвил, Хазеин Рустамов и Зураб Цинцадзе.
Тука се и Иракли Кбилашвили, кој краток период мина во редовите на Металург, како и екс ракометарот на Струга, Гиорги Дикаминџија.
Грузија е еден од дебитантите на Европското првенство во Германија и во дебитанскиот настап ќе има тежок предизвик.
Ривали на Грузија во рамки од групната фаза се репрезентациите на Шведска, Холандија и БиХ.