Грузискиот репрезентативец Гиорги Дикаминџија, кој дел од својата кариера мина и во македонскиот ракомет, отвора нова страница во својата интернационална приказна.
Искусниот 28-годишен бек, кој своевремено ги бранеше боите на Струга, потпиша договор со исландскиот тим КА Акурејри.
Тој доаѓа од полскиот состав Азоти Пулави, каде настапуваше во минатата сезона, но овој клуб не доби лиценца за настап во полскиот шампионат, па сите играчи си бараа нови клубови.
Дикаминџија потекнува од Самтредија, играше за данскиот Митјиланд, германскиот Лубенау, чешкиот Ловосице…