Главниот град на Македонија вечерва беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град во некои делови.
Невремето создаде многу проблеми на организаторите на Светското младинско првенство, на кое домаќин е токму Скопје.
Второто полувреме од натпреварот меѓу Данска и Јужна Кореја мораше да се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Како што соопштија од ИХФ, гром удрил во генераторите во СЦ „Јане Сандански“, во кој играа двете споменати репрезентации, тоа се случило по крајот на првото полувреме, а по консултациите било одлучено вториот дел да продолжи во СЦ „Борис Трајковски“.
Данска на полувреме водеше со 19:12, а крајниот епилог од средбата беше 29:23 за скандинавската земја.