Григор Трајковски го продолжи договорот со Куманово

Чуварот на мрежата Григор Трајковски и во наредниот период ќе остане во тимот на Куманово, откако потпиша едногодишен договор.

Тој може да биде продолжен на уште една година по завршување на претстојната сезона ако двете страни се задоволни од соработката.

„Навистина ми представува гордост што ќе го носам дресот на Куманово. Нема поголема чест за мене да играш и да ги браниш боите на тимот од градот каде што си роден и живееш во него. Верувам во тимот, верувам во стручниот штаб, верувам во успех оваа натпреварувачка сезона“, изјави Трајковски.

Младиндскиот ракометен репрезентативец потекнува од кумановската ракометна школа, а по своите ракометните почетоци во Куманово беше дел од двата „сино-бели“ тимови од Автокоманда.

Покрај новиот тренер Аце Станковски, Куманово претходно ги ангажираше десното крило Александар Стојков, левите бекови Виктор Трифуноски и Тоше Ончев, а нови договори беа потпишани со Давид Димевски, Гиљерме Фернандез и со Христијан Крстаноски.

Договорена е нова соработка со средниот бек од Хрватска, Лука Матачиќ, па Куманово ќе има добар тим со кој ќе може да атакува на плеј-офот.