Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави скратениот список на ракометарки за последните две средби од квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Во споредба со претходниот список ја нема Ивана Арсениевска, која е повредена, а на списокот се најде Сара Стефаноска, која го одигра вториот меч со Белгија.
Нема да игра ниту Сара Ристовска, која се уште се наоѓа во процес на рехабилитација по оперативниот зафат.
Македонија ќе се собере на 6 април, на 8 април е првиот меч против Германија во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот, додека на 12 април е пресметката со Словенија во „Рдеча дворана“ во Велење со почеток од 18:00 часот.
Македонија е во трка за пласман на Европското првенство во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција, а повеќе за шансите да се пласира на големо натпреварување може да прочитате ТУКА.

























