Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави скратениот список за ЕП 2024.
Грчевски на списокот има 21 ракометарка, 20 можат да патуваат на континенталниот собир, а дополнително ќе биде позната колкава ќе биде македонската делегација за Дебрецин.
Единствено изненадување на списокот е средниот бек Нена Нестороска, која на беше на последните два собири, а од претходно беше јасно дека Грчевски не смета на Леонида Гичевска и Марија Тасевска, кои беа дел од ЕХФ неделата во септември.
Македонија е во група со Шведска, Турција и Унгарија на ЕП 2024, а првиот меч ќе го игра со скадинавската селекција на 28 ноември. Претходно нашата репрезентација ќе настапи на „Кроација Куп“ во Пореч.