Грчевски скрати список – 20 ракометарки во конкуренција за Германија и Словенија

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски, го скрати списокот на ракометарки за стартот на квалификациите за ЕП 2026.

Грчевски ќе смета на 20 ракометарки за претстојните средби против Германија на гости и Словенија на домашен терен.

Јована Мицевска нема да настапи на овие два меча, а во споредба со составот на „Трофеј Македонија“, сега ќе биде во конкуренција Драгана Петковска.

Собирот на ракометарките е на 12 октомври на пладне.

Првиот меч е во Гумерсбах на 16 октомври од 19:30 часот во „Швалбе Арена“, додека средбата со Словенија е закажан за 19 октомври од 18:00 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.