Женската репрезентација на Македонија одигра драматичен натпревар против Турција, 25:25, во рамки од 2. коло на Европското првенство 2024.
Иако Македонија можеше да победи и да добие два важни бода, сепак, Турција се врати во последните десет минути, а ремито е најреален исход за денешниот драма меч.
Селекторот Кристијан Грчевски, ги сподели импресиите по големата драма против Турција и истакна дека ривалот имал повеќе среќа.
,,Тежок натпревар за сите нас, со многу емоции, можеби имавме лош период во првото полувреме, во кој Турција дојде до некоја предност, и имавме едно второ одлично полувреме со една цврста одбрана, од минус пет се вративме во игра, стигнавме до плус два, ривалот имаше повеќе среќа, неколку одбранети топки успеа да ги собере, го искористија тоа, имавме чисти ситуации каде што промашивме, можеби нерешениот резултат е најреален, може да им честитам на девојките, навистина се бореа, веруваа во себе и мислам дека оваа репрезентација има потенцијал за некои подолги стази”, изјави Грчевски.
Македонија во последното 3. коло од групната фаза ќе игра против Унгарија, која денес славеше над Шведска.