Тимот на Тиквеш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.
Кавадарчани кои се на милиметри до пласман во плеј-офот и разигрувањето за титулата ќе имаат поинаков ростер во споредба со есента.
Досега во клубот дојде кружниот напаѓач Стефан Јовевски од Пролет, додека заминаа шестмина ракометари – Манасков, Христоски, Цветковски, Ахмед, Тајник и Гришикашвили.
Тренерот Кристијан Грчевски ја имаше првата прозивка, а тимот дополнително ќе се комплетира деновиве откако ќе пристигнат интернационалците.

























